Барселона повторно се посрамоти, го утна името на новиот тренер и го претстави како РОНАЛДО (ФОТО)

Неверојатен гаф на шпанскиот тим.
Роналд Куман денеска и официјално е промовиран како нов тренер на Барселона, но шпанскиот тим се посрамоти.
На официјалната интернет страница на клубот, во веста дека Роналд Куман се врати „дома“ тие напишаа „Роналдо Куман се врати дома“.
Оваа вест на официјалната страница на Барселона стоеше повеќе од еден час, што е недопустливо за сериозен фудбалски тим, а не за гигант каков што е Барселона, но овој кикс ја отсликува актуелната состојба во клубот.
Кике Сетиен кој беше донесен како замена за Ернесто Валверде доби отказ по понижувачкиот пораз од 2:8 од Баерн Минхен во четвртфиналето од ЛШ, а по отказ доби и спортскиот директор Ерик Абидал кој е главен виновник за погрешната трансфер политика на каталонците во последните неколку сезони.