Барселона потврди: Де Лихт ги избра парите

фото:Twitter/Juventus

Шпанскиот шампион во летниот преоден рок имаше две големи желби, Антоан Гризман и Матијс де Лихт. Каталонците успеаја да го ангажираат Гризман, но обидите за купување на младиот екстра талентиран Холанѓанец се покажаа како неуспешни. На крајот Де Лихт се одлучи да потпише за италијанскиот Јувентус. од таборот на Барселона сметаа и дури сега јавно објавија дека Холаѓанецот замина во Јувентус поради парите.

– Му испративме добра понуда, но тој одлучи да замине во Јувентус бидејќи даноците во Италија му дозволуваат да има поголема нето заработка – изјави Оскар Грау, извршниот директор на Барселона.
Матијс де Лихт потпиша петгодишен договор со „старата дама“ според кој платата му изнесува осум милиони евра годишно и го очекуваат дополнителни четири милиони евра како бонуси.

Грау потврди дека Барселона се обиде да го врати на „Камп Ноу“, Бразилецот Нејмар, но ПСЖ не сакаше да слушне за продажба.

– Вложивме огромен напор поради Клубот направи се што беше во негова моќ со две понуди, една со играчи како дел од понудата и една без играчи која беше доста висока. Имав чуство дека ПСЖ не беше подготвен за продажба на Нејмар – додаде Грау.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот