Барселона подготвува спектакуларна размена со Челси

EPA-EFE/MARTA PEREZ

Шпанскиот тим во летниот преоден рок има три желби, да ги ангажира Нејмар од ПСЖ и Лаутаро Мартинез од Интер и да се ослободи од фудбалерите кои не ги исполнија очекувањата, а згора на тоа го оптеретуваат буџетот со нивните големи плати.

Највисоко на листата за отстрел е името на Фелипе Кутињо и неговата продажба ќе биде еден од најголемите приоритети.

Во управата на каталонците се свесни дека никој нема да плати 120 милиони евра колку што тие му дадоа на Ливерпул пред две години, и затоа го нудат на попуст за само 60 милиони евра, а подготвени се и за размена.

Барселона планира да преговара со Челси кој пројавува огромен интерес за Кутињо и нема да бара пари, туку сака размена. Тие во замена за Кутињо го сакаат одличниот француски репрезентативец НГоло Канте, кој исто така се наоѓа на радарот на Зинедин Зидан и Реал Мадрид.

Весникот „Мундо Депортиво“ пишува дека оваа размена е повеќе од реална бидејќи Кутињо е долгогодишна желба на Челси и се подготвени да разговараат со Барселона за размена во летниот преоден рок.


Фелипе Кутињо сезонава игра во Баерн Минхен како позајмен играч и на 32 натпревари постигна девет гола и има осум асистенции, но германскиот тим одлучи да не го откупува неговиот договор од Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот