Барселона подготвува отказ за Куман

Големите финансики проблеми на Барселона го „чуваат“ Куман на клупата/Фото: EPA-EFE/BIEL ALINO

Управата на каталонскиот тим се поблиску до одлуката да му се заблагодари на Холанѓанецот.

Иако на две кола до крајот на сезоната во Ла Лига, Барселона имаше минимални шанси да дојде до титулата, тие исчезнаа со поразот од Селта во претпоследното коло со што се интензивираа шпекулациите за неизвесната судбина на тренерот Роналд Куман.
Работата на Холанѓанецот е под лупа со доаѓањето на новата управа во Барселона на чело со претседателот Жоан Лапорта.

 

Шпекулациите за неговата судбина се намалија по освојувањето на кралскиот Куп и враќањето на тимот во трката за титулата, но со серијата киксеви во последните неколку кола, Куман повторно се најде на дневен ред кај управата.
Според каталонското радио РАЦ1, челниците на Барселона се одлучни во намерата да му дадат отказ на Куман по завршување на сезоната иако Холанѓанецот има уште една година од договор и ќе мора да плаќаат казнени пенали.

Истиот извор за радиото наведува дека иако на минатонеделниот состанок на Куман со Лапорта, тренерот добил поддршка, двата порази по ред го натераа претседателот на Барселона да донесе одлука за разделба на крајот од сезоната.
За време на претседателската кампања Лапорта во неколку наврати изјави дека не го гледа Куман во своите визии поврзани со Барселона и Холанѓанецот остана на клупата само бидејќи не можеше да се најде доволно квалитетна замена за него во текот на сезоната.
Според медиумите кои се блиски до Барселона, и понатаму прв кандидат за нов тренер е Чави Ернандез кој иако потпиша нов договор со катарскиот Ал Сад, наводно има клаузула според која може да си замине само доколку добие понуда од Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот