Барселона планира две големи засилувања!?

EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ

Каталонскиот клуб ги започна преговорите за Џорџино Вијналдум (Ливерпул) и Мемфис Депај (Лион).

Иако Барселона е фокусиран на продавање играчи, две големи ѕвезди се приоритет на новиот тренер Роналд Куман.

Барса ги контактираше играчите и нивните агенти, разговорите се во тек, информира познатиот италијански новинар Фабрицио Романо. Се очекува во рок од неколку часа да стигнат официјални понуди до екипите на Ливерпул и Лион.

Доколку Вијналдум оди на „Камп Ноу“, Редси веднаш ќе започнат преговори за обезбедување на услугите на Тиаго Алкантара.

Првите луѓе на Барселона се надеваат и се убедени дека можат да ги завршат двата трансфери за помалку од 50 милиони евра.

Депај ќе биде новиот напаѓач на Барселона!?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот