Барселона остана без најголемиот талент по Меси

Новиот Чави, како што го најавуваа Чави Симонс во Барселона, повеќе не е член на шпанскиот тим бидејќи не беше задоволен од третманот во популарната академија Ла Масија.

Оваа вест ја објави самиот Симонс преку својот профил на Твитер, без да открие каде ќе ја продолжи кариерата. По осум години минати во Ла Масија, Симонс, заедно со контроверзниот менаџер, Мино Рајола, одлучи кариерата да ја продолжи на друго место притоа откажувајќи се од од 100.000 евра годишни примања.

Како негов иден клуб се споменува францускиот шампион ПСЖ бидејќи Рајола веќе е забележан во Париз па медиумите неговото присуство во Франција го поврзаа со евентуалниот трансфер на Чави Симонс. „Мундо депортиво“ објави дека ПСЖ е подготвен да му даде шанса на екстра талентираниот Симонс да тренира и да игра во првиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот