Барселона очајно го сака Нејмар назад

Фото: EPA/ALEJANDRO GARCIA

Барселона планира да направи вистински земјотрес на трансфер пазарот во летниот преоден рок. Шпанскиот шампион е подготвен да ги прати во Париз, Фелипе Кутињо, Иван Ракитиќ и Осман Дембеле само за да го врати Нејмар на „Камп Ноу“.

Нејмар во 2017 година од Барселона премина во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, а медиумите шпекулираат дека престојот во Париз е само попатна станица на Бразилецот, а крајната дестинација ќе биде „кралскиот“ клуб.

Но „Мундо Депортиво“пишува дека Барселона очајно сака да го врати Нејмар во своите редови и поради тоа нуди размена, тројца фудбалери за Нејмар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот