Барселона не трпи неуспех, Пешиќ доби отказ

EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Само еден ден по поразот од Басконија во финалето на АЦБ лигата, каталонскиот тим се раздели со тренерот.

Легендарниот српски тренер, Светислав Пешиќ, не успеа да ја врати титулата во Каталонија по пауза од шест години и тој го плати цехот за неуспехот.

„Клубот му е благодарен на Пешиќ и му посакува многу среќа и лично и професионално“, стои во соопштението на Барселона.

Пешиќ се врати во Барселона во 2018 година и во вториот мандат на клупата освои два кралски купа. Во првиот мандат како тренер на Барселона ја освојуваше титула во Шпанија (2003,2004), а во 2003 година триумфира и во Евролигата.

Како главен наследник на клупата на Барселона се споменува неговиот ученик и актуелен тренер на Жалгирис, Шарунас Јасикевичиус.

Јасикевичиус ќе го менува Пешиќ на клупата на Барселона?!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот