Барселона не се предава, три асистенции на Лео Меси! (ФОТО+ВИДЕО)

фото: твитер

Каталонскиот гигант ја продолжува битката за шампионската титула против Реал Мадрид во најсилнатата шпанска фудбалска „Ла Лига“.

Вечерва се комплетираше 23. коло во најсилното шпанско фудбалско првенство, Барселона потешко од очекувањата ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Бетис (2:3).

Иако двапати водеше домаќинот, Барса не дозволи да направи уште еден чекор назад и со сите сили се погрижи да ги освои трите бода.

Уште во шестата минута водеше Бетис со гол од пенал кој го реализираше Каналес, но само 180 секунди подоцна израмни де Јонг после асистенцијата на Меси.

Фекир донесе нова предност за домаќините во 26. минута, а непосредно пред паузата Меси со втората асистенција на мечот овојпат до Бускетс значеше нов егал на средбата.

Бетис немаа сили за уште еден погодок, па тоа го искористија гостите, Меси кој го комплетираше хет-трикот на асистенции, а во домашната мрежа стрелаше Ленгле во 72. минута.

По четврти пат во својата кариера, Меси забележа хет трик на асистенции, а најмногу досега на вечната листа има Месут Озил, вкупно седум.

На табелата водат играчите на Зинедин Зидан со 52 бодови, три повеќе од фудбалерите предводен од Кике Сетиен. Во наредната 24. лигашка рунда „кралевите“ се домаќини на Селта Виго, а каталонскиот гигант ќе го пречека Хетафе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот