Барселона не размислува за продажба на Де Јонг

Новиот тренер на Барселона го гледа Френки де Јонг како еден од клучните играчи во неговиот систем/ фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Барселона одби да преговара со Манчестер сити за продажба на Френки де Јонг.

Шпанските медиуми открија дека Манчестер сити е подготвен да понуди 90 милиони евра за холандскиот репрезентативец, но ставот на Барселона е категоричен, Френки де Јонг е недопирлив.

Дел од шпанските медиуми пред извесно време започнаа да шпекулираат дека управата на Барселона планира да го продаде Де Јонг бидејќи за него може да добие највеќе пари, а прв клуб кој беше подготвен да достави официјална понуда и тоа тешка 90 милиони евра е Манчестер сити.

Но, новиот тренер на Барселона, Чави Ернандез категорично ги отфрли овие шпекулации потенцирајќи дека го гледа Де Јонг како еден од клучните фудбалери во неговиот систем на игра.

Барселона во зимскиот и летниот преоден рок идната година ќе може да заработи доволно пари со евентуалната продажба на Филипе Кутињо, Самуел Умтити, Нето и Серхи Роберто.

Прва желба на Чави е младиот напаѓач на Салцбург, Карим Адејеми, кој наводно дал согласност за негов трансфер на „Камп Ноу“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот