Барселона најде пари за трансферот на Лаутаро

twitter/AfricaZilla

Познати се деталите од договорот помеѓу шпанскиот шампион и Интер, како и со самиот фудбалер.

Лаутаро Мартинез речиси сигурно во следната сезона ќе го носи дресот на Барселона. Неговата откупна клаузула изнесува 111 милиони евра од 1 до 15 јуни, а шпанскиот тим веќе пронајде средства за да го реализира трансферот.

Барселона се договори со инвестициски фонд да позајми пари со кои ќе го реализира трансферот на Лаутаро Мартинез, а според последните најави, тие нема да ја платат целата сума од 111 милиони евра, туку во трансферот ќе биде вклучен еден играч.

Тоа што ги натера медиумите да пишуваат дека трансферот е речиси завршен е дозволата од Интер, Лаутаро да преговара со Барселона за личните услови. Каталонските медиуми тврдат дека тие преговори експресно завршиле и Лаутаро ќе потпише петгодишен договор со кој ќе заработува по 12 милиони евра плус бонуси, а младиот напаѓач ќе го исполни својот сон и ќе заигра во ист тим со Лионел Меси.

Според „Спорт“, Барселона нема да плати 111 милиони евра, туку 80 милиони и на „Џузепе Меаца“ ќе го испрати Жоао Кансело кој на првиот ден од отворањето на летниот преоден рок ќе пристигне во Барселона во замена за Нелсон Семедо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот