Барселона најде купец за Дембеле

твитер

Екипата на Барселона во летниот преоден рок планира по секоја цена да се ослободи од Осман Дембеле и се чини дека ќе успее во намерата, а и самиот фудбалер се согласил да се пресели во новиот клуб.

Францускиот репрезентативец кој во трите сезони во Барселона повеќе беше на листата на повредени играчи отколку што играше и тоа поради неспортскиот живот и тврдоглавоста кои придонесоа лесно да се повредува.

Имено, Дембеле не ги почитуваше советите на нутриционистите и лекарите на Барселона да води уреден спортски живот.

Тој обожуваше да игра видео игри се до раните утрински часови и да јаде нездрава храна што допринесе повредите да не го избегнат иако Барселона за него плати 105 милиони евра плус дополнителни бонуси.

Следна станица во кариерата на Дембеле најверојатно ќе биде Италија, поточно Јувентус кој е согласен да го добие Французинот и одредена сума на пари во замена за Миралем Пјаниќ.

Каталонскиот тим му нуди на Јувентус да го добие Дембеле на двегодишна позајмица со право на откуп, и таа опција им се допаѓа на челните луѓе и на тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, кој смета дека може да го врати одличниот фудбалер на вистинскиот пат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот