Барселона на чекор до титулата, Меси соборува рекорди (ВИДЕО)

EPA-EFE/JOSE MANUEL VIDAL

Шпанскиот шампион Барселона направи голем исчекор во одбрана на титулата во Ла Лига откако во дерби пресметката од 31. коло со 2:0 го совлада Атлетико Мадрид. На седум кола до крајот Барселона има 73 бодови, дури 11 повеќе од Атлетико Мадрид.

Каталонскиот тим иако доминираше во текот на целиот натпревар, а од 28. Минута играше и со играч повеќе поради исклучувањето на Диего Коста, до победата дојде со головите во  самиот финиш. Прв кој ја начна мрежата на Облак беше Луис Суарез во 85 минута, а само две минути подоцна и Лионел Меси се запиша во листата на стрелци.

Со оваа победа и Меси влезе во историјата на Ла Лига, ова беше негов 335. триумф во шпанското првенство со што го надмина голманот на Реал Мадрид, Икер Касилјас. Покрај овој рекорд, ѕвездата на Барселона е сопственик и на уште два рекорда, тој за највеќе постигнати голови (415) и за највеќе асистенции (163).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот