Барселона: Меси на 5-ти јуни го извести Лапорта за трансферот во Интер Мајами

Лионел Меси вечерва ја соопшти својата одлука да се пресели во редовите на Интер Мајами од МЛС лигата по заминувањето од Пари Сен Жермен.
Барселона иако се уште ја немаше решено во целост финансиската ситуација, се обидуваше да го врати, меѓутоа на крајот Аргентинецот се одлучи да игра која подалеку од вниманието на јавноста.
Каталонскиот гигант во кратко соопштение вечерва ја извести јавноста дека Меси одлуката да стане играч на Интер Мајами им ја соопштил пред два дена.
„Во понеделеникот (5-ти јуни) Хорхе Меси, таткото и претставникот на Лео го информираше претседателот на клубот, Жоан Лапорта одлуката да се пресели во Интер Мајами. Барселона му претстави понуда и покажа желба да го врати, но претседателот ја разбра и почитуваше одлуката на Меси да оди во лига која е подалеку од вниманието на јаввноста“, стои во соопштението на Каталонците.
Ќе потсетиме, покрај Барселона, Меси се поврзуваше и со трансфер во Саудиска Арабија во тимот на Ал Хилал.