Барселона ќе потроши богатство за ангажман на 15-годишен бразилски тинејџер

Ендрик е новата фудбалска сензација од Бразил/принтскрин/јутјуб

Барселона која се наоѓа во лоша финансиска состојба (долговите изнесуваат 1.5 миларда долари), тргна по потписотсо најталентираниот бразилски фудбалер кој има само 15 години, Ендрик.

Вредноста на Ендрик кој настапува за Палмеираш од ден во ден се зголемува со што го привлече вниманието на европските гиганти од кои Барселона е најзагреана и веќе подготви понуда.
Каталонскиот тим за Ендрик е подготвен на Палмеираш да му плати 45 милиони евра отштета и тоа на три рати.

Барселона првата рата би ја платила кога Ендрик ќе потпише професионален договор со Палмеираш, втората кога ќе дебитира за сениорскиот тим, а третата рата  ќеј аплати кога ќе стане полнолетен и ќе има можност да го напушти Бразил и да се пресели во Шпанија.

Освен Барселона, сериозен интерес за Ендрик пројавуваат и Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Реал Мадрид, ПСЖ…
Ендрик во 175 натпревари за младиските екипи на Палмеираш постигна 172 гол и со

Видео на денот