Барселона ќе го врзе најмладиот дебитант во историјата на „фуријата“ со нов договор и откупна клаузула од 500 милиони евра

Гави стана најмлад дебитант во историјата на шпанската репрезентација/ фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Пабло Мартин Паез Гавира или Гави беше вистински откровение во полуфиналето во Лигата на нации.

Младиот 17-годишен фудбалер ги растури италијанските репрезентативци, фантастично ја контролираше средината на теренот и е еден од најзаслужните за триумфот од 2:1 на Шпанија над „азурите“. Гави на тој натпревар стана најмладиот дебитант во историјата на шпанската репрезентација и тоа само откако одигра пет натпревари за првиот тим на Барселона.

Очекувано, со одличната игра против Италија го сврте вниманието на многу екипи кои сакаат да ја искористат катастрофалната финансиска ситуација и да го украдат од Барселона.

Но, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта прави се за да го задржи Гави на „Камп Ноу“.
Поради тоа, Лапорта му подготвува нов договор за Гави со кој младиот фудбалер би останал на „Камп Ноу“ до 2026 година, но проблем претставува шпанскиот закон како и правилата на ФИФА кои не дозволуваат фудбалери помлади од 18 години да потпишат договори подолги од три години.

Затоа во Барселона се обидуваат да најдат начин да потпишат договор по принципот 3+2 години и да стават откупна клаузула од дури 500 милиони евра.

Со вој потег, Барселона ќе ги избрка заинтересираните екипи, пред се Ливепрул, Челси и Манчестер сити кои уште сега му нудат плата од пет милиони евра годишно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот