Барселона ќе го награди Фати со нов договор и ќе постави астрономско обесштетување

фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Каталонскиот тим го забрзува процесот со кој Ансу Фати ќе добие нов и далеку подобар договор од ток кој сега го има.

Ансу Фати со игрите во изминатата сезона покажа дека иднината на Барселона по пензионирањето или заминувањето на Лионел Меси, ќе биде светла.

Младиот 17-годишен тинејџер кој има двојно државјанство, шпанско и на Гвинеја Бисао има договор со Барселона до 2022 година, но клубот сака да ги избрка заинтересираните екипи, пишува АС.

Манчестер јунајтед дури и во време на финансиска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, пред 4-5 недели понуди дури 150 милиони евра за Фати, но беше одбиен од каталонците.

Ансу Фати е еден од ретките фудбалери кои за време на кризата и пандемијата им се зголеми вредноста и тоа благодарение на фантастичните игри на почетокот од сезоната. Младиот фудбалер пред неполна година потпиша нов договор со Барселона, но по одличните изданија, челниците на екипата одлучија да му понудат нов далеку подобар договор  и медиумите тврдат дека работата ќе биде завршена на почетокот од наредниот месец..

Покрај тоа, ќе вметнат и астрономска откупна клаузула од 300 милиони евра со што ќе ги избркаат заинтересираните екипи.
Ансу Фати во изминатата сезона постигна седум гола на 24 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот