Барселона ја освои Ла Лига без гол од пенал

Фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Како што е веќе познато Барселона ја освои шампионската титула во Ла Лига која за Каталонците беше 27-ма во историјата.

За избраниците на Чави ова беше прв трофеј во шпанското првенство по пауза од четири години, а до него стигнаа на доминантен начин со дури десет бода предност во однос на Реал Мадрид. Она што е посебно интересно е што фудбалерите на Барселона сезонава не постигнаа ниту еден гол од пенал.

Во текот на сезоната Барселона доби само два пенали, но и тие не беа реализирани. Левандовски промаши против Алмерија, а Феран Торес против Валенсија.

Ниту еден тим во Шпанија не станал шампион на ваков начин во изминатите 81 година, последна на која и успеа вакво нешто беше Валенсија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот