Барселона испрати официјална понуда за чудото од Салцбург, Карим Адејеми

Карим Адејеми се наоѓа пред трансферот на кариерата/ фото: EPA-EFE/Philipp Guelland

Екипата на Барселона денеска испрати официјална понуда за младиот германски репрезентативец, Карим Адејеми кој сезонава игра фантастично за Салцбург.

Понудата која Барселона ја испрати до австрискиот тим изнесува 40 милиони евра.

Претходно, Салцбург најави дека нема намера да го пушти Адејеми за помала сума од 35 или 40 милиони евра, и се ичекува во зимскиот преоден рок одличниот фудбалер да се пресели на „Камп Ноу“.

Шпанските медиуми пишуваат дека пред да ја испрати понудата со Салцбург, Барселона веќе ги договорила личните услови со агентите на фудбалерот и во јануари ќе биде првото засилување за тренерот Чави Ернандез.

Карим Адејеми оваа сезона на 25 натпревари во сите конкуренции, постигна 15 гола и имаше две асистенции со што го сврте вниманието на фудбалските гиганти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот