Барселона има резервен план: Ако не дојде Мората, следна цел е капитенот на Арсенал

Пјер-Емерик Обамејанг / фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Барселона во зимскиот преоден рок планира на „Камп Ноу“ да го донесе шпанскиот репрезентативец Алваро Мората, но доколку не успее во оваа намера, подготвува резервен план.
Тренерот на каталонскиот тим Чави Ернандез сака да го донесе Мората на позајмица до крајот на сезоната, а проблем со тоа немаат ниту фудбалерот ниту Јувентус за кого игра како позајмен играч.

Но, проблем прави Атлетико Мадрид кој има договор со Мората. Актуелниот шпански шампион по завршување на шестмесечната позајмица, Барселона да го откупи неговиот договор.

Управата на Барселона не е подготвена за такво сценарио и затоа размислува да започне преговори со Арсенал за позајмица на Пјер-Емерик Обамејанг.
Обамејанг не се наоѓа во плановите на менаџерот Микел Артета кој му ја одзеде и капитенската лента на напаѓачот, па поради тоа пореално е сценариото тој до крајот на јануари да се пристигне на „Камп Ноу“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот