Барселона има план како летово да дојде и до Лаутаро и до Нејмар

Фудбалерот на каталонскиот тим, Антоан Гризман во летниот преоден рок би можел да се пресели во ПСЖ како дел од трансферот во кој Нејмар би се вратил на „Камп Ноу“.

Според Скај спортс, Барселона е подготвена да се откаже од Гризман по само една сезона бидејќи не воодушеви со прикажаните игри по доаѓањето од Атлетико Мадрид.

Шпанскиот тим смета дека токму Гризман е клучот за реализација на трансферот на Нејмар од ПСЖ, а потоа и на Лаутаро Мартинез.

твитер

Барселона се надева дека францускиот тим ќе се согласи да го продаде Нејмар за 150 милиони евра, од кои 100 милиони ќе бидат обезбедени од продажбата на Гризман.

Првичниот план е Гризман да биде понуден на ПСЖ како дел од размената и да доплати 50 милиони евра. Доколку ПСЖ ја одбие оваа понуда, тогаш каталонскиот тим ќе го стави Гризман на трансфер листата и ќе бара 100 милиони евра.

Што се однесува до напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, неговата откупна клаузула од 1 до 15 јули ќе изнесува 111 милиони евра. Оваа сума Барселона ќе се обиде да ја намали оваа сума со вметнување на неколку фудбалери кои ги сака тренерот на Интер, Антонио Конте.

Доколку италијанскиот тим бара само пари, тогаш челниците на Барселона кои се надеваат пандемијата на коронавирусот ќе биде ставена под контрола и тие ќе подигнат кредит за да го финансираат трансферот.

Сепак, Скај Спортс смета дека скапите трансфери ова лето ќе бидат малку веројатни поради економската криза предизвикана од коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот