Барселона идната недела ќе направи сензационален трансфер

твитер

Каталонскиот клуб пред крајот на зимскиот преоден рок ќе го засилува нападот.

Екипата на Барселона е во потрага по напаѓач кој ќе го зазеде местото во првиот тим откако сезоната предвреме заврши за Луис Суарез.

Досега многу имиња се споменуваа како замена за повредениот Суарез, а новинарот на каталонско радио, Луис Канут, денеска лансира вистинска бомба која ќе ги израдува навивачите на Барселона.

Тој тврди дека идната недела Барселона ќе направи сензационален трансфер со кој ќе ја врати фаворитската улога во шпанската Ла Лига и во Лигата на шампионите.

фото: твитер

Станува збор за фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез кој сезонава игра фантастично и заедно со Ромелу Лукаку се најзаслужни за тоа што „нероаѕурите“ се главен конкурент на Јувентус за титулата во Серија А.

Канут тврди дека во трансферот ќе биде вклучен и Артуро Видал кој е желба на тренерот на Интер, Антонио Конте, и на тој начин каталонскиот клуб ќе се обиде да ја намали цената за Мартинез која изнесува 111 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот