Барселона и Сити се подготвуваат за спектакуларна размена во зимскиот преоден рок

Феран Торес е на листата на желби на Барселона/ фото: EPA-EFE/Stu Forster

Барселона е упорна во зимскиот преоден рок да го ангажира фудбалерот на Манчестер сити, Феран Торес, но англискиот шампион не отстапува од своите барања и можно е во зимскиот преоден рок да дојде до размена.

Иако Торес ги договори сите услови со Барселона, Сити бара 70 милиони евра отштета, сума која е преголема за каталонскиот тим кој поради тоа подготвува план Б кој значи размена на играчи.
Барселона во својот тим има фудбалери кои ги нуди во разни размени, но никако да ги реализира истите.

Сега на Сити му ги понуди двете најскапи засилувања во клупската историја, Осман Дембеле и Филипе Кутињо за Торес, но „граѓаните“ ја одбија оваа понуда.

Сега управата на Барселона понуди нови играчи, голманот Нето, дефанзивците Клемен Ленгле и Самуел Умтити како и играчите од средниот ред Серхи Роберто и Рики Пуџ и го чека одговорот од Англија.

Барселона сака да го намали обесштетување кое го бара Сити и притоа да се ослободи од некој од играчите со големи примања, но прашање е дали „граѓаните“ ќе се согласат на ваквата понуда.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола не е заинтересиран за овие играчи, наводно бара дел од размената да бидат Френки де Јонг или Нико Гонзалес кои засега е недопирливи во Барселона, но не е исклучено ваква размена да се реализира во зимскиот преоден рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот