Барселона и Нејмар се договорија, нема повеќе тужби

EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Долгогодишниот судски спор помеѓу каталонскиот тим и бразилскиот репрезентативец конечно е завршен и тоа со заеднички договор.

Засега не се познати деталите од договорот, но Барселона објави дека двете страни потпишаа спогодба поврзана за сите претходни судски спорови. Исто така клубот објави дека спогодбата е постигната во пријателски тон.

Односите помеѓу Нејмар и Барселона се влошија во 2017 година кога Бразилецот за рекордни 222 милиони евра се пресели во ПСЖ. Каталонскиот тим не се прашуваше за трансферот бидејќи ПСЖ ја активира аоткушната клаузула , но веднаш по трансферот каталонскиот тим поднесе тужба против Нејмар поради непочитување на договорот. По одреден период следеше одговорот од Нејмар и неговиот татко кој му е и менаџер, контратужба бидејќи Бразилецот не го добил бонусот за потпис на новиот договор во висина од 43 милиони евра.

Со доаѓањето на Жоан Лапорта за претседател на Барселона, се подобрија односите со Нејмар кој летово го продолжи договорот со ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот