Барселона гори, а таа го ТРЕСЕ ЗАДНИКОТ: Видеото го погледнале над 400.000 луѓе (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

„Со ова не сакам никого да навредам, ниту некого да повредам. Ова е мој начин за протестирање во град кој е уништен. Знам дека ова многу нема добро да го прифатат, но имам право да кажам што мислам. Некои излегуваат на улица и беснеат, ова е мојот одговор на насилството. Продолжете да се борите за тоа во кое што верувате, но без насилство, напишала Шпанката Сандра Кистерна (22) на Инстаграм, која е инфлуенсерка и модел.

Со таа порака имало и видео, во кое таа „тверка“ додека во позадина гори каталонската престолнина.

https://www.youtube.com/watch?v=JiuU6kDt1wk

Протестите почнаа откако шпанскиот Врховен суд на 14 октомври осуди девет каталонски претставници на затворски казни од девет до 13 години поради бунт и користење на јавни пари за организирање на референдум за независност во 2017 година, кој беше забранет од Уставниот суд и последователното еднострано прогласување на независност на Каталонија.

Стотици илјади луѓе излегоа на улиците, имаше големи конфликти со полицијата и околу 200 луѓе се повредени. Барселона е во пламен. Многу луѓе не реагирале добро на видеото на кое младата дама го тресе задникот додека во позадина гори Барселона. Тие сметаат дека таа тоа го направила само за да се промовира. Нејзината снимка во еден ден ја прегледале 400.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот