Барселона го краде Мбапе на Реал Мадрид, му нуди 90 милиони евра само за потпис?

Нов клуб влегува во трката за потписот со Килијан Мбапе/Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Килијан Мбапе изминатото лето беше на прагот на остварување на сонот да го облече дресот на Реал Мадрид, но ПСЖ ги доби понудите на „кралскиот клуб“, а сега има најави дека Французинот може да заврши во друг шпански гигант.

Весникот „Ас“ пишува дека Мбапе идното лето кога ќе стане слободен играч може да потпише за Барселона.

Иако се наоѓа во големи финансиски проблеми, долгот изнесува 1.35 милијарди евра, претседателот на Барселона Жоан Лапорта најави дека идното лето ќе потпише со една супер ѕвезда.

Иако се споменуваа имињата на Дани Олмо од Лајпциг и Рахим Стерлинг од Манчестер сити, весникот „Ас“ пишува дека прв пикна Лапорта е токму Килијан Мбапе.

Барселона наводно е подготвена да му понуди на Мбапе неверојатни 90 милиони евра само за потпис, што е речиси двојно повеќе од тоа што Реал Мадрид е подготвен да го плати, а тоа е 50 милиони евра.

„Ас“ исто така пишува дека во Реал Мадрид се надеваат оти Мбапе би ја одбил понудата на Барселона како што ова лето одби да потпише нов договор со ПСЖ и идната година како слободен играч ќе пристигне на „Сантијаго Бернабеу“.

Видео на денот