Барселона го издаде Меси, додека Јувентус му ги исполнува желбите на Роналдо

Размената помеѓу двете екипи покажува како тие се однесуваат кон своите најголеми ѕвезди.

Иако во центарот на вниманието на размената помеѓу Барселона и Јувентус, односно Артур Мело и Миралем Пјаниќ, најдобро ја отсликува состојбата во двата тима и како тие се однесуваат кон своите ѕвезди, Лионел Меси односно Кристијано Роналдо.

Барса потврди, Артур за 72 милиони евра во Јувентус

Првичните впечатоци од размената се дека токму Меси и Роналдо се во центарот на вниманието, а крајниот резултат покажува дека Аргентинецот е понижен, а Португалецот е награден.

Причината за овој заклучок е едноставна, Јувентус му ја исполни желбата на Кристијано Роналдо да му се донесе далеку побрз фудбалер од Пјаниќ во средниот ред, додека Барселона го предаде Меси и се откажа од неговиот штитеник Артур.

фото: твитер

Бројките покажуваат дека Меси е најпродуктивниот фудбалер во 21. век, тој на 862 натпревари постигна 700 гола и има уште 315 асистенции и наместо Барселона да го „награди“ Аргентинецот и да му ја олесни задачата на теренот, тие со откажувањето од Артур го направија спротивното.

Во очите на Меси, младиот 23-годишен Артур беше новиот Чави, фудбалер кој треба да го храни со топки Аргентинецот, а сега целиот товар ќе падне врз Френки де Јонг кој е наследникот на Иниеста.

– Барселона ги уништува најдобрите години на Меси кој наполни 33 години и се уште е неверојатен играч. Но проблемот е што Барселона е премногу зависна од неговата генијалност. Тие постигнаа 72 гола оваа сеозна, а Меси е заслужен за 21 гол и 17 аситенции и е неверојатен важен за играта на тимот. Во Ла Лига имаше 2.292 допири со топката, имаше 151 успешен дриблинг, а следен по него во тимот е Де Јонг со 43. Меси прави се, доаѓа во средината за да го започне нападот, а потоа трча напред за да си направи шанса или да упати удар. Барселона направи кардинална грешка, донесе 30-годишен фудбал, а се откажа од 23-годишниот Артур. Тие можат да велат дека се повеќе од клуб, но во моментов се помалку од тоа што Меси го заслужува – објаснува новинарот на Гол, Марк Дојл.

Приказната за понижувањето на Меси не завршува тука. Аргентинецот е најзаслужен за трансферот на Артур, токму тој инсистираше управата да плати 31 милион евра на Гремио.

– Артур е многу сличен на Чави, сигурен е со топката и може да му се верува. Неговиот фудбал е ист како да потекнува од „Ла Масија“, игра со кратки додавања и не ха губи топката – изјави Меси за младиот Бразилец пред две години.

Но, Барселона, поточно нејзиниот претседател Хосеп Мариа Бертомеу нема разбирање или како што мислат новинарите во Шпанија, не знае како да се грижи за својата ѕвезда и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Од друга страна Јувентус го направи сосема спротивното, ги слуша барањата и потребите на својата најголема ѕвезда, Кристијано Роналдо.

Португалецот на челниците им порача само едно: „Донесете ми побрзи фудбалери во средниот ред. Сами сме, немаме никаква поддршка од средниот ред“, а доби поддршка и од колегата во нападот Пауло Дибала кој постојано се жалеше со зборовите „Никогаш не ни ја даваат топката“.

Миралем Пјаниќ/EPA-EFE/STR

Ова беше знак за челниците на „старата дама“ да реагираат и го пронајдоа најдоброто можно решение, младиот Бразилец кој идеално ќе се вклопи во играта на тимот. Артур треба да ја забрза играта на Јувентус, нешто што не можеше да се направи со Миралем Пјаниќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот