Барселона единствена со максимален учинок во Лигата на шампионите

epa08910217 Barcelona's Dika Mem reacts during the 2020 EHF FINAL4 Handball Champions League final match between FC Barcelona and THW Kiel in Cologne, Germany, 29 December 2020. EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Ракометарите на Барселона славеа на гостувањето кај ППД Загреб со 33:37 во рамките на 11. коло од групата Б во Лигата на шампионите и го задржаа максималниот учинок.
Од друга страна, хрватскиот тим е единствен тим кој се уште нема победа во ЛШ, имаат девет порази во девет натпревари.

Каталонците до победата дојдоа без многу проблеми, ја имаа контролата врз резултатот и на средината од вториот дел направија предност од четири гола 28:32 и до крајот рутински ја одржуваа разликата. Најефикасни во редовите на Барселона беа Арино, Фабрегас и Јанц со по пет постигнати голови, додека кај Загреб Граховац постигна шест гола.

Вториот фаворит во групата Б, Веспрем исто така славеше на гости, и тоа кај Целје со 25:29. Маргуц со пет постигнати гола беше најпрецизен кај Веспрем додека македонскиот репрезентативец Дејан Манасков даде два гола.
Претходно екипата на Брест приреди мало изненадување со триумфот над Киелце од 35:30 во рамките на групата А каде Пик Сегед со 35:31 го совлада Порто за кого брани Никола Митревски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот