Барселона е во проблеми, мора да продава

EPA-EFE/Juan Carlos Hidalgo

Барселона за да не се најде на удар на УЕФА поради финансискиот фер-плеј, ќе мора во зимскиот преоден рок да продаде неколку фудбалери. Според весникот „Марка“, на трансфер листата се ставени Иван Ракитиќ, Самуел Умтити и Артуро Видал.

Хрватскиот репрезентативец сезонава го загуби местото во стартната постава на Барселона од засилувањето од Ајакс, Френки де Јонг. Ракитиќ во текот на летото се споменуваше како дел од трансферот во кој Нејмар требаше да се врати на „Камп Ноу“. Истото се однесува и за Умтити, кој минатата сезона мака мачеше со повредите, додека Видал падна во сенка на Артур и речиси и да не игра оваа сезона.

„Барселона во зимскиот преоден рок ќе се обиде да ги продаде Ракитиќ, Умтити и Видал за да ја стабилизира финансиската состојба во клубот“, пишува „Марка“.

Според весникот, каталонците во јануари нема да купуваат туку ќе се обидат да ги продадат тројцата фудбалери со што би го растеретиле буџетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот