Барселона е во проблеми, мора да продава - Слободен печат

Барселона е во проблеми, мора да продава

Барселона за да не се најде на удар на УЕФА поради финансискиот фер-плеј, ќе мора во зимскиот преоден рок да продаде неколку фудбалери. Според весникот „Марка“, на трансфер листата се ставени Иван Ракитиќ, Самуел Умтити и Артуро Видал.

Хрватскиот репрезентативец сезонава го загуби местото во стартната постава на Барселона од засилувањето од Ајакс, Френки де Јонг. Ракитиќ во текот на летото се споменуваше како дел од трансферот во кој Нејмар требаше да се врати на „Камп Ноу“. Истото се однесува и за Умтити, кој минатата сезона мака мачеше со повредите, додека Видал падна во сенка на Артур и речиси и да не игра оваа сезона.

„Барселона во зимскиот преоден рок ќе се обиде да ги продаде Ракитиќ, Умтити и Видал за да ја стабилизира финансиската состојба во клубот“, пишува „Марка“.

Според весникот, каталонците во јануари нема да купуваат туку ќе се обидат да ги продадат тројцата фудбалери со што би го растеретиле буџетот.

Прочитај повеќе

Ерлинг Халанд: Новото големо фудбалско чудо (ВИДЕО)

Слободен печат

Трагедија во Англија: Фудбалер почина откако бил претепан пред ноќен клуб

Слободен печат

МЗТ Скопје супериорен во дербито со Куманово

Слободен печат

Баерн го торпедира Шалке и дојде на бод од лидерот Лајпциг (ВИДЕО)

Слободен печат

Норвешка подобра од Словенија во натпреварот за бронзениот медал

Слободен печат

Сагосен го урна рекордот на Лазаров (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

five × 5 =

Прочитај повеќе

Тотенхем замената за Кејн ќе ја бара во Бундес лигата

Слободен печат

Турција бара екстрадиција на поранешен репрезентативец, се соочува со 15 години затвор

Слободен печат

Очајната Барселона поразена на „Местаља“ од Валенсија

Слободен печат

Сари: По Јувентус одам во пензија

Слободен печат

Загревање пред дербито: Навивачите на Валенсија и Барселона се испотепаа на улица (ВИДЕО)

Слободен печат

Македонија благодарение на Вардар ќе има учесник во новата ракометна Лига на шампиони

Слободен печат