Барселона е пред потпишување на најголемиот спонзорски договор во историјата на фудбалот и тоа со крипто компании

Барселона од идната сезона ќе има нов главен спонзор/фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Каталонскиот тим иако се наоѓа во огромни финансиски проблеми, долготите изнесуваат 1.5 милијарда долари, се уште е магнет за спонзорите и наскоро може да го потпише најголемиот спонзорски договор.

Барселона се наоѓа во преговори со компаниите за криптовалути „VeganNation“ и “Polkadot“ за потпишување на најголемиот спонзорски договор во историјата на фудбалот, објави шпанскиот весник „Спорт“.

Двете компании се заинтересирани да ги наследат актуелните главни спонзори на Барселона, Ракутен и Беко чии договори истекуваат на крајот од сезоната. Според весникот „Спорт“, доколку се договори со двете крипто компании, Барселона годишно би заработувала најмалку по 113 милиони долари.

„VeganNation“ е во преговори со управата на Барселона уште од ноември минатата година кога директорот Ајзак Томас имал неклку средби со претседателот на каталонскиот тим Жоан Лапорта за да го финализираат договорот. Компанија е подготвена да плаќа 113 милиони долари годишно за нејзиното лого да го има на ракавите од дресовите и од тренинг опремата на Барселона.

„VeganNation“ е крипто компанија од САД која на пазарот со крипто валути лансираа свој производ, „GreenCoin“.
Во исто време, управата на Барселона преговара и со уште една крипто компанија „Polkadot“ како и со Спотифај, кои исто така пројавуваат желба да бидат генерални спонзори на каталонскиот тим.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот