Барселона е очајна, на свој играч му се заканува со отказ доколку тој самиот не си замине

Самуел Умтити е еден од тројцата играчи заразени од коронавирус/ Фото: EPA-EFE/Alberto Estevez

Катастрофалната финансиска ситуација во Барселона ја натера управата на очајнички мерки со кои се обидува да ги намали давачките со тоа што ќе се одлободи од неколку фудбалери.

Но, не оди се така лесно за управата бидејќи дел од фудбалерите не сакаат да слушнат за намалување на платите или пак евентуално да си заминат од „Камп Ноу“.
Еден од тие фудбалери е Самуел Умтити кој кого тренерот Роналд Куман го отстрани од првиот тим за првите два натпревари во Ла Лига, а медиумите се убедени дека ќе биде надвор од комбинација за настап се додека не си замине.

Поради тоа Барселона му даде рок од осум дена на Умтити  да си замине од клубот или во спротивно договорот ќе му биде раскинат.
Самиот фудбалер засега е воздржан по прашањето за заминување од „Камп Ноу“ и инсистира да замине само во тим кој ќе игра во Лигата на шампионите.
Интерес за Умтити пријавуваше Тотенхем но бидејќи не игра во ЛШ, Французинот ја одби понуата како и тие од турските екипи.
Самуел Умтити во Барселона пристигна во 2016 година од Олимпик Лион за 25 милиони евра и одигра 132 натпревар за каталонскиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот