20 C
Скопје

Барселона е највреден клуб на светот, а должи милијарда евра

На листата на магазинот „Форбс“ која ја објавува веќе 16 години, Барселона прв пат е прогласена за највреден фудбалски клуб.

Иако должи повеќе од 1.1 милијарди евра, екипата на Барселона според проценките на магазинот „Форбс“, е најголем фудбалски бренд и највреден фудбалски клуб на светот.
На листата која „Форбс“ ја објавува веќе 16 години, Барселона прв пат е прогласена за највреден фудбалски клуб, вредноста на каталонскиот тим е проценета на 4.76 милијарди долари.

На врвот досега беа само два клуба, Реал Мадрид и Манчестер јунатед, шпанскиот тим пет пати беше највреден клуб на светот, додека „црвените ѓаволи“ дури 11 пати беа на врвот на листата.
Реал Мадрид сега е втор највреден клуб со проценета вредност од 4.75 милијарди долари, а трет е актуелниот европски шампион Баерн Минхен со 4.21 милијарди долари. По нив следат Манчестер јунајтед, Ливерпул, Манчестер сити, Челси, Арсенал, Тотенхем, ПСЖ…

Поврзани вести

Борјан Георгиевски: Татко ми беше шампион  во сè

Слободен печат

ВИДЕО: Алиоски збесна бидејќи бил плукнат од Мекнил

Слободен печат

Проблеми во рајот: Сопругите и девојките на играчите на Челси внесуваат немир во тимот

Слободен печат

Американците ја одбија понудата на газдата на Спотифај да го купи Арсенал

Слободен печат

ВИДЕО: Коби Брајант постхумно примен во Куќата на славните, емотивен говор на сопругата Ванеса

Слободен печат

Зидан донесе конечна одлука, Перез го сака Италијанецот наместо клупската легенда

Слободен печат

Остави Коментар