Барселона е фаворит, ние нема што да изгубиме

Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Вардар и Барселона на 1 јуни во „Ланксенс“ Арената ќе го играат второто полуфинале од завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони.
Во двете пресметки сезонава победи Барселона, во Скопје беше 30:26, додека во Шпанија победата беше поубедлива, 34:26.

Тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, фаворитската улога му ја препушта на каталонскиот клуб.

– Игравме со Барселона двапати сезонава и загубивме. Можеби ова е трета среќа. Тие се фаворити, не само на нашиот дуел туку и на фајнал фор турнирот. Ние ја остваривме целта, се пласиравме на завршниоѕ турнир и Ссга нема што да загубиме, одиме да играме и се надеваме на добар резултат – изјави Парондо за клупскиот сајт на Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот