Барселона без милост кон Кил, Митревски и Порто минимално поразени од ПСЖ

epa08844975 Barcelona's Dika Nem (C) in action against Kiel players Rune Dahmke (L) and Sander Sagosen (R) during the EHF Champions League handball match between Barcelona Lassa and THW Kiel at Palau Blaugrana in Barcelona, Spain, 26 November 2020. EPA-EFE/ALEJANDOR GARCIA

Дербито на денот во ракометната Лига на шампионите се играше во Барселона каде домашниот тим дојде до осмата победа во осмиот натпревар.

Барселона со 29:25 го совлада Кил и ова беше втора победа за седум дена на каталонците над гермаскиот тим.

Ракометарите на Барселона до победата дојдоа со подобра игра во финишот на натпреварот кога направи серија од 4:0 со кои дојде до предност од 27:22 и ги реши дилемите околу победникот.
Најефикасен кај домашниот тим беше Фабрегас со шест гола, а по четири постигнаа Арино, Доленец и Макуч, додека кај Кил, Зарабец постигна пет гола.

Во неизвесен натпревар, ПСЖ кој го предводи поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес со минимални 29:28 го совлада Порто чиј гол го брани македонскиот репрезентативец Никола Митревски.
Порто иако имаше негатива од пет гола (27:22) на пет минути до крајот, успеа да се врати во игра но, Ремили во 59. минута постигна гол за 29:27 со што ги реши дилемите околу победникот. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Хансен со девет, како и Ремили и Нахи со по четири, додека кај Порто се истакна Салина со пет.

Митревски бранеше во првото полувреме и имаше четири интервенции за во вториот дел да брани Квинтана кој исто така имаше четири одбрани.

Резултати:
ПСЖ – Порто 29:28
Пик Сегед – Елверум 36:27
Барселона – Кил 29:25

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот