Барса за 80 милиони евра ќе го продаде Тер Штеген!?

фото:uefa.com

Како што инфомираат медиумите во Шпанија голманот на каталонскиот гигант би можел да ја продолжи кариерата во Германија.

Чуварот на мрежата од редовите на Барселона, Марк-Андре тер Штеген (28) се поврзува со трансфер во актуелниот европски шампион, Баерн Минхен.

Барса поради тешката финансиска состојба е принудена да се согласи за трансфер, а од претходно е познато дека клубот може да започне стечајна постапка доколку играчите не се согласат на намалување на платите.

Од Баерн веруваат дека токму Тер Штеген би можел да биде права замена за Мануел Нојер во баварската екипа, а вредноста на евентуалниот трансфер се очекува да биде околу 80 милиони евра.

Поради повреда и натаму го чека првиот настап сезонава во „Ла Лига“, а неговиот договор со Барса истекува на 30 јуни 2025 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот