Барса во обид да се договори со Атлетико Мадрид за Гризман

Антоан Гризман од Барселона е на позајмица во Атлетико Мадрид/фото: EPA-EFE/Biel Alino

Барселона брза да го финализира договорот со намалена цена од 22 милиони фунти да го обезбеди Антоан Гризман кој моментно игра на позајмица во Атлетико Мадрид.

Каталонците ја следа ситуацијата со Французинот, кој дури по 60 минута стартува кај тренерот на „јорганџиите“ Диего Симеоне. Сезонава до сега одигра во шпанското првенство само 90 минути против Реал Мадрид.

Атлетико е обврзан да ѝ плати на Барса 35 милиони фунти доколку Гризман одигра 50 отсто од нивната минутажа за време на неговата двегодишна позајмица. Но, Гризман е разочаран што оваа сезона до сега во „Ла Лига“ на натпреварите игра скоро половина час, па затоа веднаш реагира клубот на Чави.

Според „Мундо Депортиво“, од „Камп Ноу“ се надеваат дека ќе го завршат трансферот пред двете екипи ги одмерат силите за првпат во „Ла Лига“ оваа сезона на 7 јануари кога Барселона гостува на „Ванда Метрополитано“. Каталонската страна би можела да преземе правни мерки доколку не се најде решение, но тие прво бараат да се најде пријателско решение.

Барса верува дека Атлетико веќе ја активирал опцијата за купување бидејќи тој надминал 50% игра за клубот во првата година како позајмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот