Барса со пресврт до трите бода против „фенерџијата“! (ВИДЕО)

фото: твитер

Во 14. коло од шпанската „Ла Лига“ фудбалерите на Барселона триумфираа против последнопласираниот во шампионатот, Легањес, со резултат 2:1 после пресврт.

Домаќините водеа уште од 12. минута кога Јусеф Ен Несири помина по десната страна и со еден одличен удар ја затресе мрежата на Тер Штеген.

Целиот пресврт се случи во второто олувреме, после обидот на Пике, Луис Суарез конечно постигна гол во 53. минута, откако претходно Уругваецот не искористи две шанси.

Легањес се обидуваше со сите сили да извлече барем реми од овој тежок меч, но тоа не го дозволи каталонскиот гигант кој на одбиена топка после изведениот корнер најдобро реагираше Артуро Видал на кој не му беше тешко да се запише во листата на стрелците во 79. минута од средбата.

Барса останува првопласирана во генералниот пласман со 28 бодови, три повеќе од Реал Мадрид кој својот меч ќе го има денеска пред своите навивачи против Реал Сосиедад (21.00 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот