Барса со нов договор за Марк Бернал со клаузула од 500 милиони евра

фото: EPA-EFE/Mariscal

Фудбалскиот талент Марк Бернал ќе го продолжи договорот со Барселона до 2029 година, соопштија од клубот.

Новиот договор вклучува ослободителна клаузула вредна 500 милиони евра.

Договорот ќе биде активиран во мај 2025 година, кога играчот ќе го прослави својот 18 роденден.

– ФК Барселона и Марк Бернал постигнаа договор за промена на договорот на играчот, врзувајќи го со клубот до 30 јуни 2026 година, кога истекува неговиот статус како играч до 19 години, со опција за дополнителни три години. Откупната клаузула е вредна 500 милиони евра – се вели во официјалното соопштение на Барса.

Ова е многу позитивна вест за Бернал, кој се опоравува од тешката повреда – скинати предни вкрстени лигаменти и надворешен менискус. Тој беше опериран на 9 септември што ќе го остави надвор од терените во следните 12 месеци. 17-годишниот талент ја започна сезоната како стартер, но се повреди на третиот натпревар од Ла Лига против Рајо Ваљекано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот