Барса со Луис Суарез против Мајорка и Трајковски!

фото:твитер

Уругвајскиот интернационалец може да биде на располагање кај тренерот Кике Сетиен после 147 дена пауза.

Луис Суарез официјално доби одобрение од лекарите за да може повторно да игра натпревари за клубот од „Камп Ноу“.

Пет месеци по операцијата на десното колено, потврдено е од редовите на Барселона дека уругвајскиот интернационалец може да биде на располагање кај тренерот Кике Сетиен после 147 дена пауза.

Воедно каталонската екипа потврди дека може да смета на Суарез веќе на првиот меч после паузата поради пандемијата на коронавирус. Барса на 13 јуни според програмата треба да гостува кај Мајорка на македонскиот репрезентативец Александар Трајковски.

Последниот настап го имаше против Атлетико Мадрид на почетокот на јануари во полуфиналето во шпанскиот Суперкуп. Оваа сезона досега запиша 14 голови во 23 натпревари, во лигата 11 пати се запиша во листата на стрелците и трипати во ЛШ.

И покрај тоа што ги пропушти последните осум лигашки натпревари за Барса, Уругваецот има седум асистенции, односно на третото место во „Ла Лига“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот