фото: EPA-EFE/Alejandro García

Барса против Дортмунд го потврдува пласманот во полуфиналето на ЛШ

Денеска од 21.00 часот ќе се игра реваншот од четвртфиналето во фудбалската Лига на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и Барселона.

Во првиот натпревар Барселона славеше убедливо со 4:0 и е поблиску до пласман во следната фаза.

Патем, ова ќе биде трет пат Барселона и Борусија Дортмунд да се сретнат оваа сезона, а претходните два натпревари поминаа во корист на Каталонците. Во шест дуели во историјата, Борусија Дортмунд никогаш не ја победила Барселона, па затоа домаќинот вечерва брка чудо.

– Имам голема доверба во овој тим. Поминавме многу натпревари заедно без да загубиме и треба да бидеме горди на тоа. Не можам да се пожалам на ниту еден од моите играчи. Овој тим е неверојатен. Работевме напорно цела сезона. Играчите се подготвени и во добра форма, а мотивацијата е секогаш важна во последниот дел од сезоната кога ви треба малку повеќе – рече тренерот на Барселона, Ханси Флик.

Победникот од овој двомеч во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелите меѓу Баерн Минхен и Интер каде по 90 минути миланските „нераѕури“ имаат предност од 2:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот