фото: EPA-EFE/Toni Albir

Барса најде решение доколку биде исфрлена од Европа?!

Барселона останува во центарот на вниманието по „случајот Негреира“ и обвинувањата за корупција и спортски измами. Истрагата се води и во Шпанија, но како и во случајот со Јувентус се вклучи и УЕФА.

Нион се заканува со исфрлање од евро-куповите, а разговорот на Чеферин и Лапорта не беше доволен за да се смират страстите.

Една од санкциите што се закануваат по Барселона е елиминација од Европа.

„ТВ Онзе“ објави вест дека можно е Барселона да игра во Азија, поточно во некое од арапските првенства како гостин. За огромни пари би играла натпревари во лига на некои од најбогатите земји на истокот богат со нафта, или Катар, или Саудиска Арабија, или евентуално Емиратите.

Би имала и покана од национална федерација на некоја од државите, Барса би играла натпревари на средина на неделата, јасно за големи пари што би го ублажиле финансискиот удар поради неиграњето во Европа.

Засега ова е само комбинација во најлош случај, доколку тоа се случи, според статутот на клубот, собранието на клубот би требало да ја потврди ваквата одлука на управата.

Ова попрво го толкуваме како обид за притисок врз УЕФА, но нема сомнеж дека овој случај, како и оној на Сити пред неколку години, ќе завршеше во Лозана на арбитража.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот