Барса најде одлична замена за Луис Суарез!

фото: fcbarcelona.com

Напаѓачот на Милан, Кшиштоф Пјонтек (24) е желба на екипата на Барселона која го гледа како идеална замена за уругвајскиот интернационалец Луис Суарез.

Полјакот сезонава постигна два голови од шест одиграни натпревари и неговиот договор со Милан трае до лето 2023 година. Суарез, пак, има договор со клубот од „Камп Ноу“ до 30 јуни 2021 година.

Цената на фудбалскиот пазар на полскиот репрезентативец во моментов се проценува на 40 милиони евра. Како што известува „Семпре Милан“, офанзивниот фудбалер на „росонерите“ би можел во иднина да го носи дресот на каталонскиот гигант.

Исто така во сферата на интересите на Барселона се и Тимо Вернер од Лајпциг и Хаиме Мата од Хетафе.

Во најсилното шпанско фудбалско првенство после седум кола Барса е на четвртото место со 13 бодови, два помалку од лидерот Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот