Барса најде алтернативна замена за Суарез, доаѓа во јануари!?

фото:твитер

Бараше Барса и минатиот јануари искусен напаѓач кој би можел да биде достојна конкуренција за Луис Суарез, се спомнуваа Фалкао и Одион Ихало, но на крајот не е пронајдено адекватно решение.

Минатото лето дојде Гризман, но Барса сака уште едно засилување во офанзивата, со цел да биде конкурентна на сите позиции.

Се шпекулира дека на „Камп Ноу“ би можел да пристигне мексиканскиот репрезентативец Карлос Вела (30), судејќи според зборовите на сонародникот Џонатас Дос Сантос, кој во периодот од 2009-2014 година го носеше дресот на каталонскиот клуб.

Тој тврди дека Вела има понуда од Барселона, дури и минатиот јануари се говореше дека би можел да дојде на позајмица во редовите на „Блауграна“, но не се реализираше.

Самиот фудбалер е навистина заинтересиран неколку месеци да настапува заедно со најдобриот играч на светот, Лионел Меси, пред да се врати во Лос Анџелес.

Се чини дека Барса ќе направи вистински потег, Вела блескаше во дресот од Лос Анџелес во неодамна завршената сезона со 38 голови и 12 асистенции во 36 натпревар, а доби и „Лендон Донован“, награда за играч на годината во американската МЛС лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот