Барса ќе продолжи без Меси кој започна да го учи францускиот јазик!?

epa08782034 Barcelona?s Lionel Messi celebrates after scoring the 0-2 goal during the UEFA Champions Legue soccer match between Juventus FC and FC Barcelona, in Turin, Italy, 28 October 2020. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Иако Лео Меси во едно интервју пред неколку дена официјално објави дека нема да одлучи за неговата понатамошна судбина до крајот на тековната сезона, некои други шпекулации доаѓаат од Франција. Имено, во земјата на „галските петли“ се чини дека сакаат да го видат Аргентинецот во дресот на ПСЖ што е можно поскоро откако ќе му истече сегашниот договор со Барселона.

Пред една недела, спортскиот директор на ПСЖ изјави дека играчи како Лео Меси секогаш ќе бидат на списокот со желби на овој клуб. И гласините за трансфер на еден од најдобрите фудбалери во светот стануваат сè погласни, особено откако Леандро Паредес изјави дека париските „светци“ го следат Меси. Во изјава за „Кориере дело Спорт“, соиграчот на Меси од националниот тим рече дека одлуката дали ќе дојде во Франција е целосно негова.

И сега, на целата оваа збунетост, новинарот на Канал+, еден од најдобрите извори на спортски информации во Франција, Жефри Гаретие вели дека Меси и неговото семејство учат француски јазик и одат на часови.

–  Оваа информација, која можам да ја потврдам, е од многу сигурен извор.  Зошто би одел во Манчестер сити, а учи француски јазик? Нема смисла! – рече Гаретие.

А Меси наскоро ќе може да се врати на терените по суспензијата од два натпревари поради црвениот картон против Атлетик Билбао, инаку прв во дресот на Барселона. Така, Аргентинецот ќе може да настапи на претстојниот натпревар со Рајо Ваљекано на македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот