Барса ќе има нов тренер после ЕУРО 2020!?
Последниот пораз од Леванте уште повеќе ја „затресе“ клупата на Валверде, иако управата и играчите сакаат да остане во клубот.
Но, доколку продолжат лошите резултати и самите челници нема да имаат друг избор, освен да бараат ново решение, а се шпекулира дека би можел од наредната сезона 2020/2021 да имаат нов тренер.
Станува збор за Роналд Куман кој моментно ја води репрезентацијата на Холандија со која има договор до СП 2022 година.
Barcelona has to wait until after Euro 2020 if they want Koeman https://t.co/Nm4fiVSoVC pic.twitter.com/kYr1XK5Utc
— G9ija.com (@Great9ija) November 3, 2019
Имено, поранешниот менаџер на Саутемптон и Евертон може да биде ангажиран од каталонскиот клуб после Европското првенство кое ќе се одржи во периодот од 12 јуни до 12 јули 2020 година.
Куман потврди дека нема да ја напушти репрезентацијата пред ЕУРО, но после континенталниот собир би можел да се насочи кон „Камп Ноу“.
Тој покажа во репрезентацијата на Холандија дека е одличен стручњак, одличен беше и во Саутемптон, единствено покажа слаби резултати со Евертон, но изгледа проблемот на „Гудисон“ не е баш во тренерите.
Играше своевремено за Барса и добро е запознат со клубот и амбициите, самиот истакна дека му е сон да седне на клупата на каталонскиот гигант, па се чини дека Холанѓанецот би можел да претставува добар избор.