Барса ја најде замената за Пике во Атлетик Билбао?!

Жерар Пике не е повеќе опција во редовите на Барселона/фото: EPA-EFE/ANDREU DALMAU

Жерар Пике (35) освои сè што може да се освои со Барселона. Искусниот одбранбен играч помина низ младинската академија на Барса, беше дел и од Манчестер јунајтед, а во 2008 година се врати на „Камп Ноу“.

Пике повеќе не е прва опција во редовите на Барса. Неговиот поранешен соиграч, сега тренер на екипата, Чави им даде предност на помладите сили, новајлијата Кристенсен и Араухо, додека Пике само еднаш беше стартер од почетокот на сезоната, против Кадиз во „Ла Лига“.

Договорот на Пике со каталонскиот гигант истекува во летото 2024 година, но клубот одлучи да се раздели со него следната година. Шпанските медиуми веќе ја знаат неговата замена, тоа е дефанзивецот на Атлетик Билбао, Ињиго Мартинез.

Мартинез е четири години помлад од Пике, влезе во последната година од договорот со Билбао и од 1 јануари следната година ќе може слободно да преговара со Барса.

Шпанскиот репрезентативец е во Билбао од 2018 година, со години важи за еден од најдобрите одбранбени фудбалери во „Ла Лига“. Што се однесува до Пике, негова следна станица може да биде американската МЛС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот