Барса има замена за Дембеле и Суарез, таа веднаш доаѓа од Мадрид!?

twitter:UEFA Champions League

Каталонски „Спорт“ објави дека напаѓач на Хетафе, би можел да дојде на „Камп Ноу“. Анхел има откупна клаузула од девет милиони евра.

Kаталонците мора брзо да реагираат, но прашање е дали ќе го направат правиот потег со цел да бидат задоволни и верните навивачи?

Моментно не владее најдобра атмосфера на „Камп Ноу“ поради „војната“ на релација Меси-Абидал и воедно продолжуваат гласините околу потенцијални замени за Французинот Усман Дембеле.

Претходно беше објавено дека првата ѕвезда на клубот, Лионел Меси јавно го прозва спортскиот директор, Ерик Абидал.

Како што е познато доколку со лекарските извештаи се докаже дека Дембеле ќе паузира пет месеци, шпанската фудбалска федерација по правило може им овозможи на челниците на Барселона да доведат замена и надвор од преодниот рок, но само од домашното подрачје, односно од Шпанија.

Валенсија нема намера така лесно да ги пушти Кевин Гамеиро и Родриго Морено, па Барса ќе мора да побара некои „помалку познати“ имиња од помалите клубови.

Денеска каталонски „Спорт“ објави дека напаѓачот на Хетафе, Анхел, би можел да биде замена за Дембеле. Анхел има откупна клаузула од девет милиони евра. 32-годишниот фудбалер можеби ја игра најдобрата сезона во кариерата, на 27 мечеви во сите натпреварувања постигна 13 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот