Барса има „план Б“ доколку не го ангажира Лаутаро

twitter/Barcelona News

Каталонскиот клуб моментно не може да си дозволи да го откупи договорот на Лаутаро Мартинез со Интер.

„Неро-аѕурите“ ќе го пуштат својот играч само доколку биде платена неговата клаузула од 111 милиони евра и чиј рок истекува на 15 јули.

twitter/Arsenal

„Скај спорт“ информира дека Барселона има друг план доколку не успее да го обезбеди потписот на аргентинскиот интернационалец.

„Планот Б“ е досегашниот фудбалер на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг кој има договор со „топчиите“ до 30 јуни 2021 година.

Интернационалецот од Габон веќе неколку пати одби да го продолжи договорот, а ова лето е последна шанса на лондонскиот премиерлигаш да заработи од негова евентуална продажба и бара околку 25 милиони за 31-годишниот фудбалер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот