Барса го освои Мадрид: Меси, Суарез, МЕСИИИ…! (ВИДЕО)

фото:твитер

Атлетико беше подобар во текот на првиот дел од играта, но „магијата“ на Меси беше доволна за важен триумф (0:1).

Првото полувреме го одбележаа одличните одбрани на голманот на Барселона, Тер Штеген кој успеа двапати да биде победник во дуелите со одбранбениот играч на „јорганџиите“, Хермосо.

На спротивната страна Барса посериозно се закани преку Суарез и Пике, шпанскиот дефанзивец беше највисок во скокот, но стативата беше „сојузник“ на Облак.

После скоро еден час игра, Лео Меси се обиде, но Словенецот на голот одлично реагираше. Доста подобар беше шампионот во понатамошниот период, а на пет минути пред крајот на мечот беше постигнат клучниот гол.

Во еден препознатлив стил на акција која сме ја виделе многупати, одново блесна релацијата Суарез-Меси, прекрасен шут за голема победа на каталонскиот клуб на „Ванда Метрополитано“.

На крајот Атлетико имаше слободен удар за реми, во чија акција се придружи дури и голманот Облак, но немаше промена на резултатот.

Барселона повторно е на врвот во генералниот пласман со 31 бод (гол разлика 36:16), колку што има и Реал Мадрид на второто место (30:11).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот